Што е со изворниот код?

Изворниот код опишува како работи програмата (тоа е она што програмерите ќе напишат). Без него никој не може да разбере како софтверот е направен. Не е важно ако не можете да го читате кодот: дали е или не е достапен директно влијае на секој корисник.

никој не може да погледне внатре

Виндоус доаѓа без неговиот изворен код. Повеќе од тоа: сите корисници мора да ги почитуваат условите во лиценцата кои гласат:

Не можете обратно да го изработувате, разделите или да го оделувате софтверот.

Според тоа, нелегално е да разберете како Виндоус или Микрософт Ворд се дизајнирани. Нелегално е дури и да се обидете. Исто така ви е забрането да ја менувате програмата за било која цел.

Ова ограничување во лиценцата осигурува дека Микрософт останува единствената организација која разбира како работат нивните производи. Виндоус е сличен на автомобил кој смее да го сервисира само произведувачот.


Можете да речете, "Како да го сменам рецептот и да не ставам сол? и големиот готвач ќе одговори, "Како се осмелуваш да го навредиш мојот рецепт, креација на мојот мозок и чинија, обидувајќи се да го промениш? Немаш право да го менуваш мојот рецепт и да го направиш да биде добар!"

Можете да имате доверба во слободниот софтвер

Не е изненадување дека комерцијалниот софтвер заостанува во областа на безбедноста споредено со софтверот чиј изворен код е слободно достапен (вклучувајќи го и ГНУ/Линукс).

Слободниот софтвер значи дека програмерите можат да го менуваат кодотза да ги поправаат пропустите. Тоа значи дека може да ангажирате некој за навистина да провери колку е безбеден вашиот софтвер. Петнаесет милиони корисници користат ГНУ/Линукс без никаков анти-вирус, целосно безбедно. Исто така серверите позади пребарувачите и банките работат на него.

Изворниот код е рецептот за софтверот. Како некој може да подобри јадење со премногу сол, ако е забрането да се погледне во рецептот кој се користи за да се подготви?

Користењето на Виндоус и Офис бара од нас да не прашуваме или да го бараме изворниот код на софтверот. Само програмерите од Микрософт можат да ја менуваат твојата програма.

На кој повеќе би му верувале: на пакетот кој ви е забрането да го проучите или на пакетот со рецептот?