Περισσότερες λεπτομέρειες για τούς περιορισμούς

Сакавме нашата страна со "Ограничувања" да биде кратка, па префрлифме многу од лиценците со ограничувања овде. Овде е убавиот текст кој е во Микрософт лиценците.

  • It is unclear who can use, receive or buy your software

    Лиценцата е посебно нејасна во делот на тоа кој може или не може да ја користи вашата верзија на Виндоус или Офис. Неколку реченици во Микрософт Офис лиценцата сугерираат на тоа дека би било нелегално да му дозволите на вашиот сосед да напише писмо со вашата верзија на Ворд на вашиот компјутер.

    Но во Микрософт Виндоус лиценцата е јасно дека вие можете само да ја дадете или продадете вашата копија на Виндоус на некој ако сте прв купувач. Ова значи дека ако го купите од корисник кој го купил од Микрософт тогаш вие не можете да го дадете или продадете софтверот повторно на друг корисник, иако не го користите повеќе, или ако сте купиле најнов софтвер со вашиот нов компјутер.

  • Вие не може да дадете, изнајмите или овозможите комерцијални хостинг услуги со софтверот.

    Не може да дозволите професионални корисници да го користат вашиот софтвер, без разлика дали плаќаат за услугата или не, како и без оглед на тоа дали вие користите "Професионална" лиценца или не.

  • Надградбата важи само за првата лиценца на која ќе ја користите

    Ако оригиналната лиценца истече (на пример ако компјутерот на која била престане да работи), поминува и надградбата. Ако купите надградба, не ви е дозволено повеќе да ја користите оригиналната верзија на софтверот.

  • Образовните верзии се сиромашни

    Ако Микрософт прифати да ве дефинира како студент или академик дозволено ви е да купите академска лиценца и да го инсталирате софтверот на три компјутери. Но нелегално е да го користите за комерцијални цели "или на кој било начин да биде поврзан со операции на бизнис компанија или активности што носат приход".

  • Компонентите на софтверот не може да се разделуваат

    Нелегално е да купите Микрософт Офис, потоа да инсталирате само Ворд на еден компјутер и само Ексел на друг. Офис пакетот е еден единствен производ.

  • Приватни информации се собираат

    Лиценцата категорично нагласува дека "Микрософт и неговите единици" собираат технички информации генерирани на твојот компјутер од софтверот. Тие "можат да ги користат овие информации единствено за да ги подобрат производите или да обезбедат прилагодени услуги или технологии".

    За да се активираат најголемиот дел Микрософт производи, како дел од лиценцниот договор, твојот компјутер се поврзува на серверите на Микрософт и испраќа "техничка" информација. Таа може "единствено" да се користи за скоро се.